FOLLOW-ME! – hyperDENT®

hyperDENT® е водечкиот софтвер систем во светот на CAM пазарот и ценет помеѓу експертите за својата модуларна структура на производи. На нашите клиенти им обезбедуваме CAM решенија создадени за нивната специфична апликација и потреби за имплементација. Без разлика колку е голема компанијата и дали се работи за стоматолошка или техничка лабораторија, FOLLOW-ME! нуди соодветни hyperDENT® пакети на производи за совршена интеракција помеѓу CAM и машините.

hyperDENT® – Оптимален обем на работа за машините.

hyperDENT® може да се употреби на голем број машини за режење. Интегрираните циклуси за режење од индустрискиот сегмент се многу ефикасни и гарантираат максимална стабилност на процесот и врвен квалитет на индикации. Механизмите со висок степен на сигурност обезбедуваат сигурен производствен процес за генерирање на комплексни и стабилни патеки за алатите. На пример, патентираните стратегии за лупење на стаклена керамика, кои овозможуваат совршен квалитет на површина заедно со максимизирано времетраење на алатите. Во комбинација со Модулот за генерирање на шаблони, параметрите на стратегијата за режење може да се прилагодат и оптимизираат за специфична машина. Ова им овозможува на нашите клиенти да го добијат најдоброто од своите машини, заштедувајќи на време и пари.

hyperDENT® Преглед

→ Отворен, високо автоматизиран и флексибилен систем
→ Целосна покриеност на процесот за производство со еден CAM софтвер
→ Едноставно, интуитивно работење
→ Максимална прецизност и временска ефикасност низ целиот процес
→ Независен од материјалот
 Флексибилно додавање на софтверски модули
→ Максимална слобода при создавање на шаблони
→ Производство на адитиви и режење, сѐ во едно
→ Автоматско поместување на материјалот за пост режење за време на хибридниот процес
→ Автоматска идентификација на делови со употреба на ID етикети
→ Оптимална завршна обработка на површината поради докажана пресметка на патеката на алатот
→ Постојано подобрување и развој на софтверот
→ Најдобра услуга за поддршка низ целиот свет

hyperDENT® Преглед на производите

hyperDENT® Classic е создаден за напредни корисници. Ова отворено CAM решение е број 1 во центрите за режење каде најважен е флексибилен и оптимизиран процес за производство. Но и стоматолошките лаборатории можат да ги искористат придобивките од hyperDENT® Classic. Откако корисникот ќе го осознае софтверот, ќе му се отворат сите можности за употреба на разните hyperDENT® опции (модули). Симултаното процесирање и пресметување на разни проекти со користење на функцијата Multiple Start е интуитивно и заштедува на време. Со генераторот на шаблони, корисникот може да развие стратегии за режење. Овие решенија, направени по мерка, прецизно се соочуваат со предизвиците на пазарот, што резултира со поголемо задоволство кај клиентите. Со обезбедените интерфејси за машински автоматизации, се постигнува поефикасно производство и блоковите се процесираат со леснотија. Покрај тоа, модулот за импланти овозможува производство на абатменти во еден дел и конструкција на мостови. Професионалната функционалност на hyperDENT® Classic и разновидноста на комплементарни опции, овозможуваат висок перформанс кај корисници со големи очекувања.

hyperDENT® Compact е создаден за употреба во стоматолошки лаборатории за да може да се употреби во сите отворени машини за режење. Поедноставениот интерфејс за корисници со управуван тек на работа додава вредност за врвни почетници и оние кои сакаат да го осознаат CAM во најбрз можен рок. Обезбедената база на податоци овозможува брзо, сигурно, ефикасно и прецизно режење. Со исклучок на абатменти во еден дел и конструкции на мост, со hyperDENT® Compact може да се изработат сите индикации. За кратко време, корисниците ќе постигнат оптимални резултати кои се совпаѓаат со нивните потреби.

Забелешка:
Не сите модели кои се достапни во hyperDENT® Classic може да се употребат со hyperDENT® Compact. Надградба на hyperDENT® Classic е возможна во секое време.

hyperDENT® Practicelab е наменет за потребите на лабораториите за пракса и е оптимално прилагоден за CAM почетници. Корисничкиот интерфејс е автоматизиран што значително ја олеснува употребата. Управуваниот тек на работа и намалениот обем на функционалности му овозможуваат на корисникот да пресмета патеки за алатите за индивидуални блокови, како блокови од стаклена керамика и да извршува абатменти во неколку чекори и да ги испрати до машината за режење.

Идеалниот блок веќе е препознаен за време на автоматскиот процес за прикачување и е предложен на корисникот. Позиционирањето на блокот и поставувањето на конекторот се исто така автоматски. За машини со повеќе отвори, може да се прикачат повеќе блокови и да се пресметаат во склоп на еден проект, со што корисникот заштедува на време. Однапред дефинираните стратегии за режење осигуруваат висока стабилност и ефикасност на проектот.

Со hyperDENT® Options, може дополнително да се додадат модули на hyperDENT® Compact, како и hyperDENT® Classic лиценци, што му дозволува на CAM софтверот совршено да се прилагоди на потребите на корисникот. Индивидуалните модели може лесно да се додадат во кое било време.

Достапни се следниве модули:
→ hyperDENT® Template Generator Module
→ hyperDENT® Hybrid Module
→ hyperDENT® Implant Module
→ hyperDENT® Denture Module

Scroll to Top
Приватност

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и корисни.